Алавес, во 32. коло во Примера го против Атлетико Мадрид со 2:0 и речиси сигурно обезбеди опстанок во лигата. Од друга страна „јорганџиите“ ќе мора да се помачат за да ја обезбедат четвртата позиција.
Атлетико втора сезона по ред не успева да постигне гол на гостувањето кај Алавес и втора сезона по ред е поразен на стадионот „Мендизороза“.
Со оваа победа Алавес речиси обезбеди опстанок во друштвото на најдобрите, додека Атлетико ќе мора да се мачи да ја обезбеди четвртата позиција и пласман во Лигата на шампионите до крајот на сезоната.
Домашните беа подобар противник, а поведоа во 15. минута преку Бенавидез, на кого одлично му асистираше Гарсија. Очекувано по тој гол Атлетико ја презеде иницијативата, а Алавес шансите ги бараше од контра.
Во последните 15 минути голманот Сивера запиша две брилијантни интервенции по ударите на лино и Кореа.
Финишот го донесе најубавиот момент на натпреварот. Риоха со волеј од 15 метри го совлада Облак.
Овој натпревар покажа дека на Атлетико му е потрбен целосен ремонт, осбено во одбраната. „Јорганџиите“ загубија осум од 17.натпревари на гостински терен. Вкупно во сезоната досега имаат девет порази што никогаш не се случило во ерата на Диего Симеоне.