Top Sport

(Видео) Атлетико рутински го совлада Бетис

Во натпреварот од 27. коло на Ла Лига, Атлетико во Мадрид го совлада Бетис со 2:1.

По три врзани меча без победа во три различни натпреварувања, Атлетико мораше да победи и успеа да го направи тоа против Бетис.

Избраниците на Диего Симеоне одиграа многу подобро во првото полувреме. Поведоа веќе во осмата минута со автоголот на гостинскиот голман Силва. Алваро Мората имаше шанса да ја удвои предноста во 28. минута, но не беше успешен од пенал, бидејќи Силва одбрани.

Мората сепак постигна гол, во 44.минута, кога по ударот на Де Пол, Силва само ја одби топката, а на напаѓачот на Атлетико не му беше тешко да погоди.

Руи Силва беше централна фигура на натпреварот, само во првиот дел имаше осум интервенции, а до крајот на натпреварот собра уште четири.

Неизвесност во натпреварот внесе во 62.минута, Вилијам Карваљо, кој постигна прекрасен гол.

Бетис во последните 15 минути изврѓи силен притисок, но опасно се закани само преку Гвидо Родригез чии удар Облак чудесно го дбрани со помош на стативата. Атлетиков тој период пропушти две изгледни шанси.

По 27.коло Атлетико остана на четвртото, а Бетис на шесттото место на табелата.

Scroll to Top