Атлетико Мадрид славеше победа на „Сан Мамес“ во Билбао, во дерби мечот одигран во четвртото коло во Примера. Златната резерва на Чоло Симеоне, Анхел Кореа, му ја донесе победата на Атлетико во 92.минута.
Атлетико минатата сезона два пати гостуваше во Билбао и два пати беше целосно надигран, 2:0 во Примера и 3:0 во Купот славеше Атлетик.
Вечерва, тимот на Симеоне целосно го контролираше натпреварот, на противникот му дозволи да створи само една шанса. Хуан Мусо кој го замени Јан Облак на голот, одлично го одбрани ударот на Ојан Сансет. Облак мечот го пропушти поради здравствени проблеми.
Атлетико целосно ги неутрализираше браќата Вилијамс, особено импресивен беше Маркос Љоренте кој ги доби сите дуели „еден на еден“ против помладиот Вилијамс, Нико.
„Јорганџиите“ имаа неколку опасни напади и добри шанси но до самиот финип резултатото беше 0:0.
Во судиското надополнување на времето, во 92.минута, Александер Серлот одигра одлично во дефанзивата, на 50 метри од голот го натера Лекуе на грешка, ја одзеде топката, потоа издржа дуел, го проигра Анхел Кореа, кој го мина голманот Агирезабала и ја погоди празната мрежа.
Аргентинецот го одигра 425. натпревар за Атлетико Мадрид, со што се изедначи со Исак Калеха на осмото место на клупската листа на играчи со најмногу натпревари. Го постигна 81.гол во сите натпреварувања, 65 од постигна во Примера.
Интересно, Атлетико никогаш не загубила натпревар во првенството кога стрелец бил Анхел Кореа.