Барселона и ПСЖ се на чекор до полуфиналето во Лигата на шампионите. Вечерва во првите четврфинални натпревари Барселона ја победи Борусија со 4:0, а ПСЖ славеше над Астон Вила со 3.1.
Барселона на „Монжуик“ ја надигра Борусија, која своите шанси евентуално да извлече поволен резултат ги пропушти во првото полувреме.
Првиот дел и припадна на Барселона со 1:0, голот го постигна Рафиња, негов 12 сезонава во Лигата на шампионите.
Распадот на „милионерите“ од Дортмунд се случи во вториот дел. Ги нокаутира нивниот поранешен играч Левандовски со два гола во 48. и 60.минута, а точка на мечот стави Јамал во 74.минута.
Сличен натпревар беше виден и на „Паркот на принцовите“ во Париз со таа разлика што „светите си дозволија од нивна грешка први да примат гол. Роџерс погоди во 35.минута, но водството англискиот тим го имаше само четири минути кога со брилијантен гол изедначи Десире Дуе.
На стартот, од вториот дел нова магија, за 2:1 погоди Кварацхелија, во 49.минута, а точка на натпреварот стави Нуно Мендеш во 92.минута.
Реванш натпреварите на програмата се наредниот вторник.