Top Sport

(Видео) Австрија обезбеди место на ЕУРО 2024

По Белгија од групата Ф, на ЕП се пласираше и Австрија.

Австрија ја искористи првата меч-точка за пласман на континенталниот шампионат, откако извојува минимална победа над Азербејџан на стадионот „Тофик Бахрамов“ во Баку.

Селекцијата која од клупата ја предводи германскиот стручњак Ралф Рангник не сакаше да се коцка, но не и беше лесно против борбената репрезентација на Азербејџан.

Австрија стигна до победа со гол од пенал, во 48. минута прецизен беше играчот на Дортмунд Марсел Сабицер.

Ова ќе биде четврто учество на Австријците на ЕП, трето по ред.

Тие дебитираа во 2008 година, кога заедно со Швајцарија беа домаќини, а потоа се пласираа на континенталните првенства во 2016 и 2020 и следната година во Германија.

Scroll to Top