Фудбалерите на Баерн Минхен го совладаа Холштајн Кил со 4:3 на „Алијанц Арена“ во 20. коло од Бундес лигата.
Баварците за малку ќе се изрезилеа пред своите навивачи, бидејќи во 54. минута водеа со убедливи 4:0, на крајот спасуваа бод против аутсајдерот.
Играчите на Баерн пред време почнаа да ја слават победата. гостите во последните минути, постигнаа три гола и создадоа паника во редовите на Баварците.
Два гола за Баерн постигна Хари Кејн, а по еден Џамал Мусиала и Серж Гнабри. Кејн со 19 голови ја предводи листата на најдобри стрелци во Бундес лигата.
За гостите, кои беа на работ на катастрофа по еден час игра, а во финишот можеа да приредат сензација, стрелци на головите беа Финецот-Доминик Порат и Стивен Скрзибски, кои двапати погодија против голот на Мануел Нојер.
Ова беше шеста последователна победа на Баерн и пред мечот кој треба да го одигра Баер има девет бода предност пред Леверкузен.
Резултати:
Бојум-Фрајбирг 0:1
Шутгарт-Борусија Менхенгладбах 1:2
Сент Паули-Аугсбург 1:1
Ханденхајм-Борусија Дортмунд 1:2