Баерн Минхен доведе големо засилување во нападот откако капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн потпиша договор до 2027 година.
„Баерн потпиша со Хари Кејн од Тотенхем. 30-годишниот англиски напаѓач се договори со германскиот рекорден шампион до 30 јуни 2027 година и ќе го носи дресот со бројот 9“, стои во соопштението на Баерн Минхен.
Кејн вели дека е среќен што ќе игра во еден од најголемите клубови во светот.
„Многу сум среќен што сум дел од Баерн. Баерн е еден од најголемите клубови во светот и отсекогаш сум велел дека скаам да се натпреварувам и да се докажувам на највисоко ниво во текот на мојата кариера. Победничкиот менталитет е дефиниција за овој клуб, многу убаво се чувствувам што сум тука“, изјави Хари Кејн.
🎬 Action! FC Bayern proudly presents 𝐇𝐀𝐑𝐑𝐘 𝐊𝐀𝐍𝐄. #ServusHarry pic.twitter.com/93IWBU7TOx
— FC Bayern München (@FCBayern) August 12, 2023