Фудбалерите на Пари Сен Жермен ќе ја бранат титулата европски шампион освоена минатата година во Минхен против Интер. Пари Сен Жермен, во реваншот против Баерн во Минхен одигра 1:1 и со вкупен резулта 6:5 се пласира во финалето.
По деветте гола на првиот натпревар во Париз (5:4), се очекуваше дека ќе бидеме сведоци на спектакл и во Минхен, но на крајот, нерешениот резултат со Баерн (1:1) им беше доволен на „Светците“ за третото финале од 2020 година.
Овој натпревар ноже да се нарече дефанзивен мастер клас на тренерот на „светците“, Луис Енрике. ПСЖ им ја препушти топката на противниците, шансите ги бараа во брзата транзиција.
Брилијантна акција одиграа играчите на ПСЖ во третата минута, двојно проигрување меѓу Фабијан Руиз и Кварацхелија, а потоа Грузинот му асиситираше на Дембеле.
Баерн во првиот дел создаде само една шанса, преку Мусијала во 44-та минута.
Слично беше и во вториот дел, Баерн се обидуваше да гради акции, но тешко се справуваше со агресивноста на „светците“. Мануел Ноејер спречи ПСЖ многу порано да го реши натпреварот. Одбрани тешки удари, по два на Кварацхелија и Дезире Дуе.
Баварците пораз на домашен терен избегнаа во 94-та минута, кога Хари Кејн го постигна 14-от гол сезонава во Лигата на шампионите.
Финалето во Лигата на шампионите, меѓу ПСЖ и Арсенал се игра на 30.мај, од 18 часот, на стадионот „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта.
Foto/ EPA
