Top Sport

(Видео) Бари ја надополни разликата со играч помалку и ќе игра бараж за влез во Серија А

Бари ќе има шанса да се бори за влез во Серија А, откако во вториот меч од плејофот откако играше поголем дел од мечот со 10 играчи, стигна до 1:0 победа над Судтирол, така елиминирајќи ја нивната предност од првиот меч, а поради необичните италијански правила влегуваат во финалето поради тоа што беа повисокопласирани во текот на регуларната сезона.

Џакомо Ричи доби црвен картон во финишот на првото полувреме откако спречи директна шанса пред својот гол, за потоа пред над 50 илјади гледачи, Леонардо Бенедети да биде херојот со гол за финале.

Бари за место во елитата ќе игра со подобриот од двомечот помеѓу Парма и Каљари – во првиот меч Каљари стигна до 3:2 победа.

Scroll to Top