Top Sport

Алкараз го „збриша“ Шаповалов за осминафинале во Париз

Светскиот рекет број 1 и прв носител, Карлос Алкараз покажа дека е прв фаворит за титулата од Ролан Гарос, откако во ноќниот меч на францускиот гренд слем со 6:1/6:4/6:2 го декласираше Канаѓанецот Денис Шаповалов.

Шампионот од САД опен, Алкараз во следното коло ќе се судри со Италијанецот Лоренцо Мусети, светскиот рекет број 18, кој во исто толку доминантен меч со 6:1/6:2/6:4 беше подобар од Британецот Камерон Нори.

Алкараз започна фантастично, правејќи предност од 5:0 во првиот сет и освојувајќи го само 32 минути. Потоа во вториот сет, Шаповалов се врати во ритам и поведе со 0:2 и со 2:4, но потоа неговата игра се „сруши“ и противникот лесно стигна до 2:0 предност во сетови. Во третиот сет, два брејка му беа доволни за победа.

Еден од неговите најголеми конкуренти за титулата, петтиот носител, Гркот Стефанос Циципас покажа импресивна форма во 6:2/6:2/6:3 победа над Аргентинецот Диего Шварцман.

Scroll to Top