Top Sport

(Видео) Барса ќе го победат Реал за потписот на „турскиот Меси“, Арда Гулер

И покрај сите финансиски проблеми, Барселона ќе ја добие „трката“ за талентот на Фенербахче, Арда Гулер пред Реал Мадрид, тврди „Мундо депортиво“, објаснувајќи дека договорот би се склучил наредната недела.

18-годишниот Гулер, кој доби прекар „Турски Меси“, има отпусна клаузула од 18 милиони евра, сума која новиот спортски директор на Барса, Деко, успеал да осигура да биде платена во две години. Тој би останал во Фенер уште една сезона како позајмен играч пред да премине на „Ноу Камп“.

Гулер, кој игра на позицијата на напаѓачки ориентиран играч од средниот ред, пристигна во Фенербахче од Генчербирлиги во 2019 година, и дебитираш за првиот тим во 2021 година со 51 настап и 9 гола и 12 асистенции. Тој веќе има четири настапи за труската репрезентација, постигнувајќи го првиот гол против Велс минатиот месец.

Scroll to Top