Top Sport

Интер пак го бараат Лукаку на позјамица

Интер не се откажале од Ромелу Лукаку и во текот на следната недела ќе ги почнат разговорите со Челси за уште една позајмица, иако англискиот клуб инсистира дека белгискиот напаѓач треба да биде продаден, а не пратен на нова позајмица.

Според Фабрицио Романо, двата клуба постојано се во контакт, а самиот Лукаку јасно кажа дека сака да се врати на „Џузепе Меаца“ и следната сезона. Лукаку немаше блескава сезона со „нераѕурите“ поради повред и слаба форма, и по крајот на сезоната Интер реши да не ја искористи понудата да го откупи договорот.

Сепак, во финишот на сезоната, 30-годишниот Белгиец покажа дел од блескавата форма со 7 и 4 асистенции во последните седум меча во Серија А. На него не смета новиот менаџер на Челси, Маурисио Почетино.

Scroll to Top