Top Sport

(Видео) Барселона го декласира Олимпијакос, Пафос со играч помалку освои бод во Алмати

Барселона го декласира Олимпијакос со 6:1, а Каират и Пафос одиграа без голови, во првите натпревари од третото коло во Лигата на шампионите.

Барселона на домашен терен доминираше против Олимпијакос, но до убедливата победа дојдоа откако грчкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот.

Фермин Лопз и донесе предност на Барселона од 2:0 со головите во седмата и 39-та минута. Во 50-та минута ВАР го поништи голот на Ел Каби, но само четири минути подоцна напаѓачот на Олимпијакос го намали резултатот.

Мечот практично беше решен во 57-та минута кога Хезе го доби вториот жолт картон.

Од тој момент Барселона постигна четири гола. Јамал погоди од пенал, Лопез го комплетира хет-трикот, а два гола постигна Рашфорд.

Во Алмати, Каират речиси целиот натпревар го одигра со играч повеќе и според шансите успеа да се спаси од пораз.

По три минути и две секунди игра Кореа доби црвен картон поради опасен старт. Ова е вториот најбрз црвен картон во историјата на лигата на шампионите. Рекордер сè уште е Олександр Кучер, кој беше исклучен по две минути и 39 секунди на натпреварот помеѓу Шахтјор и Баерн на 11 март 2015 година.

Во првиот дел Драгомир имаше ситуација „еден на еден“ со голманот на Каират, добра шанса промаши и бразилскиот верат, Давид Луиз, а во вториот дел во 71-та минута Драгомир постигна спектакуларен гол, но ВАР го поништи бидејќи стрелецот на голот на почетокот на акцијата беше во офсајд.

Foto/ EPA

Scroll to Top