Пред 82.000 луѓе во Њу Џерси на стадионот „МетЛајф“, фудбалерите на Барселона го совладаа најголемиот ривал Реал Мадрид со резултат 2:1.
Двоен стрелец за Каталонците беше Пау Виктор, додека единствениот гол за шампионите на Шпанија и Европа го постигна Нико Паз на осум минути пред крајот на натпреварот.
Мечот траеше речиси три часа поради едночасовниот прекин предизвикан од невремето во тој дел на САД.