Top Sport

(Видео) Барселона се спаси од пораз кај Рајо – ВАР не работеше кај спорниот пенал За Каталонците

Барселона успеа да го преживее гостувањето кај Рајо Ваљекано (1:1). Актуелните шампиони беа надиграни, а од пораз ги спаси голаманот Џоан Гарсија.

Барселона одигра лош натпревар на „Ваљекас“, а второто полувреме веројатно е најлошо во ерата на Ханси Флик, период во кој играчите на Барса не шутнаа кон голот на противникот.

Џоан Гарсија новиот голман на Барселона, праваше чуда на голот и е најзаслужен што тимот освои бод во предградието на Мадрид.

И овој натпревар не мина без скандал, што станува пракса кога игра Барселона. Ќе се зборува за пеналот во 40.минута.

Ламин Јамал беше во дуел со Алваро Гарсија во шеснаесетникот на Раја, Пеп Чаварија се стрча да му помогне на својот соиграч, дојде во мал контакт со крилниот напаѓач на гостите, по што Ламал падна, а судијата Бускетс покажа кон пеналот. Сакаше ВАР да ја потврди неговата одлука, но видео асистентот во тој моемент не работеше.

Видео системот беше неупотреблив од почетокот на натпреварот, комуникацијата помеѓу главниот судија и неговите колеги во ВАР собата беше спорадично прекината, имаше прекини во врската, а видео системот во еден момент целосно откажа.

На крајот Рајо стигна до израмнување во 67.минута, со голот на Фран Перез.

Барселона по три рунди има седум бда, Рајо поен помалку.

EPA/Fernando Villar

Scroll to Top