Top Sport

(Видео) Барселона се спаси од пораз во 96-та минута, Баерн ја декласира Аталанта

Баерн Минхен веќе е во четвртифналето, во Лигата на шампионите, ја победи Аталанта во Бергамо со 6:1. Во истиот термин, Барселона се спаси од пораз во Њукасл,со гол од пенал во 96-та минута.

На „Сент Џејмс Парк“, Барселона не блескаше, одигра лош натпревар, но успеа да избегне пораз од Њукасл.

Њукасл, играше подобро, имаше инцијатива, а успеа да поведе со гол во 88-та минута.

Одличната тимска акција и нафрлувањето на Џејкоб Марфи, ја реализира Харви Барнс.

Домашните навивачи славеа, мислејќи дека нивните миленици ќе остварат важна победа пред реваншот.

Сепак, буквало во последните секунди од натпреварот Дани Олмо избори пенал за Каталонците, Ламин Јамал го постави конечниот резултат, 1:1.

Реваншот е следната среда, 18 март, на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона.

Германскиот првак Баерн, во Бергамо демонстрираше сила. Баварците дилемите околу победникот ги решија за 25 минути, период во кој стрелци беа Станишиќ, Олисе и Гнабри.

Во вториот дел уште три пати се тресеше мрежата на голот, на Карнесеки. Погодија Џексон, Олисе и Мусијала. Честа на Аталната во 92-та минута ја спаси Пашалиќ.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');