Фудбалерите на Баерн ја продолжија апсолутната доминација во „Класикер“ и во дербито од 10. коло во Бундес лигата ја победија Борусија Дортмунд со 4:0.
Сите дилеми околу исходот на дуелот Баварците ги решија во првите десет минути кога со два гола ги шокираа избраниците на Един Терзиќ и полните трибини на „Сигнал Итуна Парк“.
Баерн заедно со лидерот Баер Леверкузен и натаму е единствената непоразена екипа во лигата, има два бода помалкуо од „фармацевтите“, додека Дортмунд заостанува седум бода зад лидерот.
Гостите поведоа во 4. минута со голот на Дајот Упамекано по одличната асистенција на Лерој Сане. Тоа беше прв гол сезонава за француски дефанзивец.
Само пет минути подоцна Баерн ја удвои предноста, стрелец беше Хари Кејн, а Сане повторно асистираше. Капитенот на англиската репрезентација со хет-трик ја круниса одлична партија, стрелец беше во 72. и 90. + 3. минута.
На последните три натпревари во Бундеслигата, Кејн постигна седум гола, односно вкупно 15 во сезоната на десет натпревари, со што го собори рекордот на поранешниот играч на Шалке Клаус Матишек (13 гола на 10 натпревари).
Во следното коло Баварците го пречекуваат Ханденхајм, а Дортмунд гостува кај Штутгарт.
Foto/ EPA