Top Sport

(Видео) Белгија не успеа да победи во Казахстан

Фудбалерите од Казахстан и Белгија одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од претпоследното коло од Групата Ј од европските квалификации за Светското првенство.

Белгијците не го оправдаа својот статус на големи фаворити во далечната Астана, но сепак се единствените што се прашуваат за првото место и директен пласман на Светското првенство.

Тие имаат 15 бода на првата позиција, два повеќе од Македонија и пет од Велс (кој има натпревар помалку).

Белгија, во вторник има зицер, во во Лиеж ќе го пречекаат аутсајдерот Лихтенштајн и со победа ќе ја завршат работата, па дури и со бод бидејќи имаат многу подобра гол-разлика од своите ривали.

Казахстан ги шокираше гостите и поведе во деветтата минута, по одличен пробив и прецизен удар на суперталентираниот иден играч на Каират, кој веќе е продаден во Челзи, Дастан Сатпаев.

Бод за Белгија, која не е истата екипа без Куртоа, Де Брујне и Лукаку, донесе Ханс Ванакен во 48-та минута.

Репрезентацијата на Казахстан денес го заврши овој циклус, тие собраа 10 бода, што е извореден резултат за оваа репрезентација.

Scroll to Top