Top Sport

(Видео) Белгија со случаен гол победи во Баку

Белгија го победи Азербејџан со 1:0 на гостински терен во 5. коло од квалификациите за ЕП од групата Ф и направи уште еден чекор кон пласман на завршниот турнир.

Белгија победи со случајниот гол на Јаник Фереира Караско во 38. минута.

Бакајоко одзеде една топка на 20 метри од голот, шутираше, ударот беше слаб, топката воопшто не одеше во рамките на голот, но удри во Караско, кој трчаше кон шеснаесетникот, го смени правецот и го измами голманот, кој само со поглед ја испрати во голот.

Белгија навистина не се прослави во главниот град на Азербејџан, домашните играчи имаа неколку опасни напади, но добар на голот беше Кастелс. За белгициите најважно е што ги освоија бодовите.

Со овој триумф Белгија се израмни на првото место во групата со Австрија. Двете селекции имаат по 10 бода, следува Шведска со три, односно Естонија и Азербејџан со по еден бод.

Scroll to Top