Top Sport

(Видео) Белингем е „чудо“ за Реал – нов гол за нова победа!

Трансферот на англиската млада ѕвезда Џуд Белингем во Реал Мадрид се покажува како вистински погодок за тимот на Карло Анчелоти и можеби засега „трансфер на летото“, откако тој го постигна својот четврти гол во три кола во шпанската Ла лига, за да осигура тешка 1:0 победа на гости кај Селта Виго.

И покрај тоа што имаа многу повеќе од играта и го контролираа текот на мечот, „кралевите“ тешко стигнуваа до голот на домаќините, иако во 69. минута има совршена шанса за тоа кога беше досуден оправдан пенал за гостите. Меѓутоа, обидот на Родриго заврши директно во рацете на голманот Иван Вилјар.

Кога изгледаше дека Селта ќе остане непоразена, во 81. минута од мечот ветеранот Хоселу, кој влезе во игра на местото на повредениот Винисиус Жуниор, му асистираше на Белингем, кој со глава беше прецизен за важни три поени и совршени 3-од-3 на стартот на сеоната.

Scroll to Top