Top Sport

(Видео) Белингем ја искористи грешката на Сорија и спречи сензација на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид на отворањето на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“, успеа да го победи градскиот ривал Хетафе со 2:1, со гол постигнат во 95.минута.

Екипата на Карло Анчелоти ја забележа четвртата победа во исто толку натпревари од почетокот на сезоната. До триумфот над градскиот ривал, Реал дојде потешко од очекуваното.

Гостите од „Алфонсо Перез колосеум“, дојдоа во водство со голот на поранешниот играч на реал, Борха Мајорал во 11.минута. До крајот на првиот дел, Хетафе лесно ги одби нападите на домашниот тим.

Пресвртот го најави ветеранот Хоселу со голот во 47. минута кога Хоселу.

Во текот на целото второ полувреме, Реал притискаше, два пати играчите на Анчелоти ја погодија стативата, а и голманот Сорија имаше неколку добри одбрани.

Сепак Сорија направи грешка во 95.минута, по ударот на Васкез ја испушти топката на која налета Белингем и ја смести во голот. Англичанецот го постигна петтиот гол во сезоната и во овој момент е најефикасниот играч во Ла Лига.

Scroll to Top