Top Sport

(Видео) Бенфика прв пат во историјата го победи Баерн и го освои првото место во Ц групата

Бенфика го победи Баерн со 1:0 и го освои првото место во Ц групата на клупскиот Мундијал. Натпреварот во Шарлот се одигра во нехумани услови, на температура од речиси 40 степени Целсиусови. Клубот од Лисабон во 14.меѓусебен дуел успеа да го победи Баерн.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Андреас Шлердуп во 13-та минута од натпреварот.

Репрезентативецот на Норвешка одлично се позиционираше и по остриот центаршут на Аурсенс и го совлада Мануел Нојер со шут во долниот агол.

Винсент Компани реши малку да го освежи својот тим пред натпреварот Хари Кејн, Мајкл Олисе, Јошуа Кимих и Џамал Мусијала останаа на клупата. Без нив Баварците беа безопсни во нападот во рпвиот дел.

Се се смени со влегувањето на францускиот крилен напаѓач. Вторите 45 минути им припаднаа целосно на Баварците. Шансите се редеа, голот на Кимих го поништи ВАР, Лајмер ја погоди стативата, а Сане промашуваше од сите можни позиции.

Талентираниот голман Анатолиј Турбин брилијантно го бранеше голот на Бенфика, ја заслужи наградата за играч на натпреварот.

„Орлите“ од Лисабон ја забележаа првата победа против Баерн во својата историја. Од 1976 година до денес, одиграа 13 натпревари, имаа 10 порази и три нерешени резултати.

Scroll to Top