Top Sport

(ВИДЕО) Бензема и Родриго го надмудрија Димитриевски за триумф на Реал

Реал Мадрид го победи Рајо Валјекано со 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“ и во моментот повторно е на второто место на табелата во Ла Лига со 74 бода. Карим Бензема и Родриго го совладаа Столе Димитриевски, а погодокот за Рајо беше дело на Раул де Томас во 84.минута. Гостите беа на работ на реми, но Родриго постигна победнички гол во 89.минута.

Вилјареал го совлада Кадиз со 2:0, а двоен стрелец беше Николас Џексон.

Елче и Севилја ремизираа, 1:1.

Scroll to Top