Top Sport

(Видео) Бензема со гол и асистенција дебитираше за Ал Итихад

Карим Бензема имаше спектакуларно деби во дресот на Ал Итихад. Францускиот ас, со гол и асистенција, им се претстави на навивачите на овој клуб. Во Арапскиот куп, Ал Итихад со 2:1 го победи Есперанс од Тунис.

Бугера во 26.минута постигна гол за Есперанс. До крајот на полувремето, Ал Итихад израмни преку Хамдалах. Асиситен беше Бензема.

Во 55.минута Бензема постигна брилијантен гол за победа на својот тим.

Покрај Бензема на овој натпревар за Ал Итихад дебитираа Нголо Канте и Португалецот Жота.

Scroll to Top