Серија несреќни околности или нешто повеќе, е прашањето што го поставува целата шпанска спортска јавност утрово, по ремито меѓу Рајо Вањекано и Барселона (1:1).
Поводот е пеналот што Ламин Јамал го претвори во гол во 40-та минута.
Не само што немаше основа за пенал по стартот на Чаварија токму врз Јамал, туку судијата Матео Бускетс немаше начин дополнително да ја провери својата одлука.
Причината е откажувањето на ВАР системот, со кој имаше проблеми од самиот почеток на натпреварот, што е мала утеха за домашните фудбалери.
Losing the ball to the defender?
Penalty for Barcelona! pic.twitter.com/zBI5Dr8ndN
— Hassan (@GreatWhiteNueve) August 31, 2025
Рајо успеа да израмни во второто полувреме и да стигне до бод, а победа на тимот од Мадрид спречи одличниот голман Џоан Гарсија, кој правеше чуда меѓу стативите.
По натпреварот, Иси Паласон, асистентот на голот на Рајо, рече дека судијата Бускетс им потврдил дека немало пенал.
„Судијата ни призна дека не беше пенал! Секогаш исто се случува против истиот тим“, беше бесен Паласон.
По три натпревари, Барса има седум бода и заостанува зад лидерите Реал и Атлетик Билбао, два тима имаат по три победи.
Фото/ Принтскрин