Top Sport

(Видео) Без Кејн, Баерн рутински славеше против Борусија

Баерн Минхен сигурно чекори кон одбрана на шампионската титула во Бундес лигата. Без Хари Кејн, Баерн славеше со 4:1, во 25-коло, против Борусија Менхегладбах.

Втора недела по ред, противник на Баварците беше клубо што го носи името Борусија, а резултатот беше идентичен, победа и три бода. Во минатото коло, Баварците триумфираа во Класиер во Дортмунд, а вечерва, имаа лесна задача против Борусија од Менхенгладбах.

Актуелниот лидер и шампион поведе со голот на Луис Дијаз во 32-та минута. Брилијантниот Колумбиец има 14 гола и 13 асистенции во Бундеслигата.

Во судиското продолжение од првото полувреме, по одличен контранапад, третиот гол во сезоната го постигна Австриецот Конрад Лајмер.

Во 57-та минута беше досуден пенал за домашниот тим, а првиот гол по долго време го постигна Џамал Мусијала, кој го пропушти првиот дел од сезоната поради сериозна повреда.

Николас Џексон постигна гол за 4:0, а гостите, дури и со играч помалку, успеаја да го ублажат поразот со голот на Мохија.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');