Top Sport

(Видео) Без победник во дуелот меѓу Борнмут и Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Борнмут и Манчестер Јунајтед ремизираа 2:2 во првата средба од 31-то коло на Премиер лигата.

Сè иамше на „Виталити“ стадионот, но во второто полувреме, кога видовме два пенали, автогол, црвен картон…

Бруно Фернандес им донесе водство на „Црвените ѓаволи“ од пенал во 61-та минута, а Рајан Кристи го израмни резултатот шест минути подоцна.

Бруно изведе корнер во 71-та минута, по што топката го погоди во главата Џејмс Хил и заврши зад грбот на Ѓорѓе Петровиќ.

Јунајтед сепак не успеа да ја сочува победата. Хари Магваер доби директен црвен картон за прекршок во сопствениот шеснаесетник, како последен играч.

Ели Џуниор Крупи беше сигурен изведувач на најстрогата казна во 81-та минута.

Јунајтед останува трет на табелата со 55 бода, додека Борнмут, по петтото последователно реми, останува на 10-то место со 42 бода.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');