Фудбалерите на Милан и Комо одиграа нерешено 1:1 во возбудлив натпревар од 24-то коло од Серија А. Натпреврот беше полн со пресврти, тензии и драма, а го обележа црвениот картон што го доби тренерот на Милан Масимилијано Алегри.
Гостите од Комо го отворија натпреварот подобро и ги искористија грешките на своите ривали. По поништениот гол во 26-та минута поради прекршок, Комо поведе шест минути подоцна. Нико Паз казни една лоша реакција во одбраната на Милан.
Милан имаше неколку шанси за израмнување во првото полувреме. Во 30-та минута, Рафаел Леао се обиде, но голманот Жан Бутез одбрани, четири минути подцна тој се истакна и по обидот на Фикајо Томори.
Серхи Роберто (Комо) потоа имаше можност во 39-та минута, но Мењан не дозволи уште еднаш да биде совлада.
Второто полувреме донесе израмнување. Во 64-та минута, Рафаел Леао ја прими топката на работ од шеснаесетникот и со прецизен удар го совлада голманот Комо.
Како што натпреварот продолжуваше, растеше тензијата на теренот, а судијата Маријани делеше жолти картон, за Нико Паз, Жан Бутез, Јакоб Рамон и Рафаел Леао. Кулминацијата се случи во 81-та минута кога тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, беше исклучен поради протест.
Foto/ EPA
