Top Sport

(Видео) Бизарен пенал досуден во Саудиска Арабија

Бизарен пенал е виден на натпреварот меѓу Ал Хазм и Ал Фатех, во првенството на Саудиска Арабија. Со зборови не може да се опише глупавата рекација на дефанзивецот на гостите Фахад Ал Хабри.

Ал Хабри му подаде рака на голманот за да му честита за интервенцијата додека тој се уште ја држеше топката, тој неколку пати ја допре топката, а судијата покажа на белата точка.

Португалецот Тозе беше сигурен изведувач на пеналот во 14. минута и го постави конечниот резултат 2:0.

Водечкиот гол за Ал Хазм го постигна Бразилецот Бруно Виана во 4. минута.

Тренер на поразениот тим е поранешниот селектор на Хрватска Славен Билиќ.

Scroll to Top