Top Sport

(Видео) Бобан Николов дел од историскиот успех на Борац Бањалука

Фудбалерите на Борац Бања Лука ремизираа 0:0 со Олимпија во Љубљана и со тоа обезбедија пласман во 1/8 финалето од Конференциската лига. 91 минута во историскиот успех на Борац одигра поранешниот македонски репрезентативев Бобан Николов.

На првиот натпревар одигран во Бања Лука домашниот Борац победи со минимални 1:0 и благодарение на таа победа го продолжи натпреварувањето во Европа.

Борац во осминафиналето на Конференциската лига ќе се соочи со Фиорентина или Рапид Виена.

Домашните подобро влегоа во натпреварот, во седмата минута главниот судија на асистенција од ВАР собата покажа на белата точка по прекршокот што го направи Мејерс врз Там.

Алехандро Бланко имаше шанса да ја доведе Олимпија во водство, но Филип Манојловиќ го прочита неговиот удар. Бланко имаше уште една шанса во 23. минута, но неговиот удар заврши во гредата.

Борац успеа да се издржи и на полувреме замина со 0:0.

На стартот од вториот дел Борац можеше да поведе, се обиде Енвер Кулашин, но голманот на Олимпија беше сигурен.

Само осум минути подоцна Давид Вуковиќ имаше добра шанса, но повторно беше сигурен Матевж Видовшек.

Големата борба продолжи и во вториот дел, но Борац ја презеде иницијативата, се до крајот на натпреварот, кога Олимпија Љубљана изврши нов притисок.

Главниот судија го рпекина натпрварот во 85.минута поради инциденти на трибините. Поради тоа го продолжи натпреварот за 13.минути, дуелот траеше речиси 120.

Scroll to Top