Фудбалерите на Херта, на едно коло до крајот на сезоната во Бундес лигата, останаа без теоретски шанси да обезбедат опстанок. Бохум освои бод против Херта со гол во четвртата минута од судиското надополнување и го испрати клубот од Берлин во Цвајта.
Навивачите на Херта тагуваа и во Берлин. Во дербито на дното домашните освоија само бод во дуелот со Бохум – 1:1, во дуел кој за нив го имаше епитетот „да се биде или не“. На овој начин Херта остана без теоретски шанси во борбата за опстанок во друштво на најдобрите.
Херта се мачеше до 64. минута, кога Рихтер одлично нафрли од корнер, а Туцарт со глава ја упати топката во голот.
Сепак, во четвртата минута од судиското надополнување, Шлотербак ја шокираше 70.000 публика на Олимпискиот стадион во Берлин.
Бохум сега е прв над линијата, со бод повеќе од Шалке. Бохум во последното коло ќе го пречека тимот на Леверкузен.
Шалке освои голем бод во Гелзенкирхен, во мечот кој можеби му беше најважен во сезоната, против Ајнтрахт одигра 2:2.
Интересно ќе биде и во борбата за место во Лигата на шампионте. Големи шанси наредната сезона да игра во елитата има градскиот ривал на Херта, Унион Берлин. И покрај поразо од Хофенхајм (4:2), Унион остана на табелета на четвртото место со ист број на бодови како и Фрајбург.
Двата тима имаат по 59 бодови, во последното коло Унион Берлин ќе го пречека Вердер, а Фрајбург ќе гостува кај Ајнтрахт. Во случај на ист број на бодовои во Германија одлучува гол-разликата.Униуон има +12, а Фрајбург +8.
Во најмалку важниот натпревар одигран ова попладне Келн и Вердер ремизираа 1:1.