Top Sport

(Видео) Бока го елиминираше Ривер во Лига купот

Бока јуниорс славеше со 3:2 во Суперкласико, во Кордоба, во рамките на четвртфиналето на Лига купот Аргентина се одигра големото Суперкласико.

18 месеци Ривер не знаеше за пораз од најголемиот ривал. Во тој период на три натпревари оствари две победи и едно реми, неодамна во лигашкиот дел од ова натпреварување.

Сепак, кога беше најпотребно, Бока го одигра можеби најдобриот натпревар во сезоната и успеа да го добија 262. Суперкласико. Тоа и даде победа во 262.

Подобро тргна Ривер, кој поведе во 10. минута со голот на Мигел Борха. „Милионерите“ го држеа водството до првата минута од судиското надополнување во првото полувреме кога Мигел Мерентиел израмни.

Ривер постигна уште еден гол во 52. минута, но по долгата проверка на ВАР беше поништен. А потоа еруптираше трибината на која беа навивачите на Бока кога првата ѕвезда на тимот Единсон Кавани во 62. минута со глава ја затресе мрежата и донесе пресврт.

А потоа, само пет минути подоцна, херојот на натпреварот Мерентиел со својот втор гол зголеми на 3:1. До крајот Ривер успеа само да намали на 3:2 со голот на Диас во седмата минута од судиското надополнување.

Бока ќе се сретне со Естудијантес во полуфиналето на Лига купот. Во второто полуфинале се среќаваат Велез и Аргентинос Јуниорс.

Scroll to Top