Фудбалерите на Болоња го победија Интер (1:0) во 33.коло во Серија А.
На овој расплет најмногу се радува Наполи, кој сега има ист број бодови како „нероаѕурите“, со подобра гол-разлика тимот од Милано, бидејќи скорот меѓу нив е изедначен.
Уморен од Лигата на шампионите, Интер потклекна во четвртата, последна минута од судиското надополнување.
Рикардо Орсолини акробатски ја зафати топката со левата нога по центаршут и го совлада Јан Сомер.
Болоња освои важни бодови на „Ренато Дал’Ара“ против актуелниот шампион и моментално е четврта со 60 бодови, што е бод повеќе од Јувентус, кој допрва треба да гостува во Парма во понеделник.
Во следното коло Интер ја пречекува Рома, додека Болоња ќе гостува кај Удинезе.