Фудбалерите на Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд одиграа нерешено во дерби натпреварот од 13.коло во Бундес лигата.
На „Бај Арена“ беше 1:1 на задоволство на Баерн, кој сега има три бода помалку од лидерот Леверкузен, но и натпревар помалку.
„Милионерите“ ја прекинаа неверојатната серија на Баер од 14 последователни победи во сите натпреварувања, сепак тимот на Чаби Алонсо се уште нема пораз оваа сезона.
Гостите на почетокот дојдоа до предност. Во петтата минута, стрелец беше Норвежанецот Јулијан Рајерсон по одличната тимска акција.
Баер беше подобриот ривал во преостанатиот дел од натпреварот, на крајот од полувремето постигна гол преку талентираниот Флоријан Вирц, но по проверката, ВАР го поништи голот поради офсајд.
Домашните имаа неколку добри шанси за израмнување, но мрежата на Дортмунд се тресеше дури во 79. минута кога Виктор Бонифас го постигна својот осми гол сезонава.