Top Sport

(ВИДЕО) Брајтон го сопре Сити и се пласира во Лига Европа

Брајтон успеа да сопре новиот и стар англиски првак Манчестер Сити играјќи 1:1. Со ова реми обезбеди пласман во Лига Европа за следната сезона, а „граѓаните“ првпат по три месеци не успеаја да победат во Премиерлигата.

Пеп Гвардиола одмори неколку фудбалери, но, сепак, изведе мошне силен состав на овој меч.

Фил Фоден во 25.минута донесе водство за Манчестер Сити, но израмни Хулио Енкисо со спектакуларен гол од далечина пред крајот на првиот дел.

Во второто полувреме, Ерлинг Халанд постигна гол во 80.минута, но по асистенција од ВАР собата не беше признат, затоа што Норвежанецот направи фаул во обидот да дојде до позиција за шут.

Scroll to Top