Кевин Мекалистер, постариот брат на ѕвездата на Ливерпул, Алексис Мекалистер, беше пресреќен што неговиот клуб, белгискио Унион Сен-Жил се падна во иста група со „црвените“ во Лига Европа. Во групата Е, покрај Ливерпул и Сен-Жил ќе играат и австрискиот ЛАСК Линц и францускиот Тулуз.
Кевин Мекалистер и неговите соиграчи дознаа за ждрепката во автобусот при враќањето од квалификацискио меч со швајцарскиот Лугано, и пристојно се израдуваа им кажаа дека ќе играат со Ливерпул, а постариот Мекалистер кратко порача: „Ќе се видиме наскоро, брату“.
Иако имаат шкотско презиме, браќата доаѓаат од Аргентина и се синови на поранешниот аргентински репрезентативец, Карлос Мекалистер. Покрај тоа, тие имаат и трет брат кој е фудбалер, 27-годишниот Френсис Мекалистер, кој игра во Росарио сентрал во Аргентина.
— Royale Union Saint-Gilloise (@UnionStGilloise) September 1, 2023