Top Sport

(Видео) Бразилскиот тинејџер Естевао му пресуди на Ливерпул во 96.минута

Челси го доби Ливерпул со 2:1 во дербито одиграно во 7.коло, во Премиер лигата. Херој на Челзи е 17-годишниот Бразилец, Естевао, кој погоди за победа во 95.минута.

Актуелниот шампион е во криза, потрошените речиси 500 милиони евра во преодниот рок, засега не даваат резултат. На почетокот на сезоната, Ливерпул се вадеше со голови во финишот на натпреварите, а сега бележи порази на идентичен начин.

Во минатото коло, во Премиер лигата,Ливерпул загуби во судиското надополнување од Кристал Палас, следуваше пораз од Галатасарај во Истанбул, во Лигата на шампионите, а вечерва во 95.минута „црвените“ запишаа пораз на гостувањето кај Челзи.

Ливерпул две и пол години не забележал три порази по ред.

Челзи, вечерва на „Стенфорд Бриџ“ беше подобар и заслужено победи. Не знаеја избраниците на Енцо Мареска, порано да го решат прашањето околу конечниот победник.

Торпедото на Каиседо во 14.минута го отвори резултатот. Ливерпул изедначи во 63.минута, од првата вистинска акција преку Гакпо.

До крајот Челзи имаше неколку шанси, Фернадез ја погоди стативата во 92.минута, но победата стигна три минути подоцна, кога Кукуреља по земја ја испрати топката на подалечната статива, Робертсон заборави дека зад него е Естева кој ја смести топката зад грбот на најдобриот играч на Ливерпул, голманот Мамардашвили.

Со овој пораз Ливерпул му ја препушти челната позиција на Арсенал. Екипата од Лондон има 16 поени, еден повеќе од Ливерпул, додека Челси е на шестата позиција со 11 поени.

Scroll to Top