Top Sport

(Видео) Брејк на Сан Антонио – Вембањама ја сруши Оклахома по две продолженија

Сан Антонио Спарс ги победија Оклахома Сити Тандер со 122:115 по две продолженија, во првиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА лигата.

Виктор Вембањама доминираше на овој натпревар со неставрна статистика од, 41 поен, 24 скока, по три асистенции и блокади. Францускиот центар блескаше во продолженијата со што му овозможи на тимот да налрави брејк на теренот на најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната.

Натпреварот беше изедначен, а во финишот беше исклучително драматичен, Вембањама постигна кошл за водство на својот тим од 101:99, а потоа Шеј Гилџис-Александер донесе продолженија за Оклахома.

Следеше доминација на Вембањама во продолженијата, од вкупно 21 поен на Сан Антонио Спарс во две продолженија, тој постигна 14 (колку и целиот тим на Оклахома).

Покрај Вембањама, се истакнаа и Дилан Харпер со 24 поени, 11 скока и шест асистенции, како и Стефон Касл со 17 поени, шест скока и 11 асистенции.

Кај Оклахома, се најдобриот меч во кариерата го одигра Алекс Карусо, постигна 31 поен, а потоа следуваше Џејлен Вилијамс со 26 поени, седум скока и три асистенции.

Актуелниот МВП Шеј Гилџис-Александер имаше двоцифрен број на поени со 24 поени и 12 асистенции.

Следниот натпревар е закажан за четврток, а домаќин повторно е Оклахома.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');