Top Sport

(Видео) Брест го запре Баер, Селтик освои бод кај Аталанта

Два нечочекувани резултати донесоа првите натпревари од денешната програма, од третото коло во Лигата на шампионите. Фаворизираните Аталанта и Баер Леверкузен не успеаја да ги совладаат Селтик односно Брест.

Во Бергамо, Аталанта и Селтик одиграа без голови, иако во поголемиот дел од натпреварот се играше пред голот на шкотската екипа.

Аталанта не успеа да го пробие ѕидот на Селтик, иако имаше неколку шанси за тоа. Во 18. минута Марио Пашалиќ ја затресе гредата, а подоцна Давиде Запакоста, Матео Ретеги, Мартен де Рон и Шарл де Кетелар не ја искористи добри шанси.

Каспер Шмајхел секој пат излегуваше како победник од тие дуели и на својот тим му донесе потенцијално важен бод.

Во исто време Брест го пречека Баер Леверкузен, натпреварот заврши 1:1.

„Фармацевтиците“ беа фаворити и ја оправдаа таа улога во 24. минута. Голот го постигна Флоријан Вирц.

Тоа беше негов трет гол во третиот натпревар во Лигата на шампионите, а вкупно седми оваа сезона.

Брест не се предаде и не се исплаши во 39. минута Пјер Лес-Мелу постигна гол со прекрасен волеј од околу 18 метри и со тоа го израмни резултатот.

Брест остана непоразен во Лигата на шампионите. Има седум бода од три натпревари, што малкумина го очекуваа. Истиот учинок го има и Баер Леверкузен.

Scroll to Top