Top Sport

(ВИДЕО) Брутално претепан навивач на Португалија

На социјалните мрежи се појави видео од брутално претепување на португалски навивач кој го тепаат неколку припадници на службата за обезбедување на стадионот.

Снимката ја објави португалскиот портал „Рекорд“.

На неа е прикажана сцена од натпреварот помеѓу Португалија и Словенија во осминафиналето на Европското првенство на стадионот во Франкфурт. Од засега непозната причина група обезбедувачи брутално претепале навивач на Португалија.

На почетокот двајца го држат, а третиот го удира. Откако заедно паднале на земја, пристигнале уште стражари, а навивачот бил удрен неколку пати со тупаници и клоци.

Случајот го истражува германската полиција.

„Можам да потврдам дека сме свесни за инцидентот и дека полицијата истражува што се случило“, изјави во портпаролот на полицијата во Франкфурт.

 

Scroll to Top