Лидерот во Премиер лигата падна на „Вила Парк“ во Бирмнигме. Емелијано Буендија, во 95-та минута постигна гол за триумф на Астон Вила над Арсенал 2:1. Аргентинецот им го нанесе на „топџиите“ вториот пораз оваа сезона.
Вила ја имаше првата голема шанса, но Раја имаше фантастична одбрана по ударот на Оли Воткинс во десеттата минута.
Играта беше интензивна на двете страни, потоа Арсенал малку ја презеде иницијативата – голот на Езе беше оправдано поништен поради офсајд, Сако исто така се обиде да упати удар со глава, но топката заврши веднаш до стативата.
Потоа домашните повторно наметнаа свој ритам, а во 36-та минута го видовме најважниот момент од првото полувреме – долг вовед во акцијата, аут од левата страна, Тимбер не реагираше доволно добро и топката заврши на втората статива, а таму Мети Кеш се протна зад Езе и го донесе својот тим во водство.
Арсенал започна уште поагресивно во второто полувреме, а наградата дојде брзо, во 53-та минута, резервистот Леандро Тросар постигна гол. Играчите на Вила загубија топка на средината од теренот, следуваше молскавична контра, Сака во шеснаесетникот дијагонално уфрли, а со малку среќа топката заврши пред Тросар, на кого не му беше тешко да изедначи.
Тросар го постигна 50-от гол во Премиер лигата.
Во 65-та минута, Раја одбрани удар на Воткинс, а четири минути подоцна, Емилијано Мартинез ја исфрли топката преку пречката со врвовите на прстите по феноменалниот удар на Едегор.
Се чинеше дека Арсенал е поблиску до водство, но по грешката на Калафиори, одлична шанса имаше Мален, кој го замени Воткинс. Сепак, шутираше покрај голот од добра позиција.
Тоа означи период на подобра игра на Вила, која заврши со голот на Бунедија.
Foto/ EPA
