Прославата на титулата на Барселона по победата кај Еспањол (4:2) во 34. коло од Ла Лига се претвори во хаос и малку фалаше да има сериозни последици.
По убедливата победа против градскиот ривал, кој грчевито се бори за опстанок, фудбалерите на Барселона лудо ја прославија титулата во Шпанија која ја обезбедија на дури четири кола пред крајот.
Но навивачите на Еспањол беа бесни, поради две причини. Барселона со оваа победа ги турна кон втората лига, а освен тоа не можеа да поднесат омразениот градски ривал да ја слави титулата на нивни терен.
Затоа навивачите на Еспањол влегоа од трибините на тревникот и тргнаа кон играчите на Барселона. Кога виделе што им се заканува, славениците се претворија во бегалци.
Играчите на Барса мислеа дека се безбедни кога стигнаа до тунелот на стадионот, но хулиганите ги следеа.
Во тунелот се соочија со тројца на Барселона. Пред нив храбро застанаа капитенот Серхио Бускетс, Роналд Араухо, Џорди Алба и Маркос Алонсо, дури потоа им се придружија им се придружија и останатите играчи. Обезбедувањето таму конечно почна да си ја врши работата, по што заврши походот на хулиганите.
Some Espanyol fans also entered the tunnel, where they were confronted by Barcelona players.
I feel sad for Sergio Busquets. He was enjoying his last trophy win with the club, and then had to deal with this.
I don’t think I’ve ever seen him this angry.
— Anthony (@anthonykyaw) May 14, 2023
🎥 | Scenes inside the tunnel. Alba, Busquets and Araújo unhappy and angry with the behavior of disgusting Espanyol fans. #fcblive pic.twitter.com/OBS1S6PNA7
— BarçaTimes (@BarcaTimes) May 14, 2023