Top Sport

Шортс со Бон ја освои Лигата на шампионите

Кошаркарите на Бон го совладаа Хапоел Ерусалим во финалето на Лигата на шампионите на ФИБА со резултат 77:70. На завршниот турнир во Малага, Бон го освои првиот европски трофеј во клупската историја. Како и низ целата сезона и во финалето, Бон го предводеше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс.

Ти-Џеј Шортс, од првата до последната секунда го држеше клучот за победа во своите раце. На крајот натурализираниот Македонец постигна 29 поени, а двоцифрени кај Бон беа и Јавонте Хокинс со 13, односно Себастијан Херера со 11 поени.

Шортс на овој начин стави крај на изворедната европска сезона со Бон. Плејмејкерот покрај со титулата се закити и со МВП наградата.

Кај Хапоел се истакна Леви Рендолф со 27 поени, а Марекс Мејерис беше единствениот двоцифрен со 12 поени.

Scroll to Top