Top Sport

(Видео) Чави мораше да молчи додека не го чуе името на подобар играч од средниот ред од него – Еве кога проговори

Еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња, за многумина во кругот на најдобрите фудбалери на сите времиња, Чави, се согласи на популарна игра во која мора да молчи додека не го чуе името на играч за кој мисли дека бил или е подобар од него.

Во случајот на Чави, се бараше подобар играч од средниот ред.

На Чави му беа понудени многу имиња на играчи на позициите во средниот ред пред да го прекине молчењето.

За него, тоа не беа ниту Стивен Џерард, Френк Лампард, Кевин Де Брујне ниту Андреа Пирло, иако со изразот на лицето ја покажуваше колку ги почитува. Прозборе кога му го спомнаа Зинедин Зидан.

Легендата на Барселона и шпанската репрезентација освои сè во својата кариера. Со Барселона, за која одигра 767 натпревари со учинок од 85 гола и 184 асистенции, осум пати беше шампион на Шпанија и четири пати ја освои Лигата на шампионите. Со Шпанија, за која постигна 12 гола во 133 настапи, ја освои титулата светски шампион (2010) и двапати беше европски шампион (2008, 2012).

Ја заврши кариерата во Ал Сад од Катар.

Xavi when asked "Stay quiet until we mention a better midfielder than you."
byu/mynamestartswithCa insoccer

Scroll to Top