Вест Хем оствари убедлива победа во натпреварот од 32-то коло од англиската Премиер лига, во кој ги победи последнопласираните Вулверхемптон со убедливи 4:0. Валентин Тати Кастељанос и Константинос Мавропанос придонесоа со по два гола во важната победа на „Чеканите“.
Вест Хем освои исклучително важни бодови во борба за опстанок. Пред натпреварот беа на 18-та позиција, во зоната за испаѓање, а со оваа победа се преселија на „безбедното“ 17-то место. Нивното бегство значи дека Тотенхем за прв пат влезе во зоната за испаѓање.
Тотенхем ќе бара привремено бегство во недела кога ќе гостува кај Сандерленд, а потоа и едните и фругите ќе водат жестока борба до крајот.
На крајот од ова коло, сите клубови имаат уште шест натпревари во борбата за опстанок. Во борба се Тотенхем со 30 бода, Вест Хем со 32 бода, Нотингем Форест со 32 бода и Лидс со 33 бода.
Само еден од тие клубови ќе заврши во понизок ранг на крајот од сезоната.
