Top Sport

(Видео) Челси го потврди трансферот на Феликс: Повторно дома

Португалскиот фудбалер Жоао Феликс потпиша за Челзи, соопшти лондонскиот клуб.

Како што е соопштено, 24-годишниот крилен напаѓач потпиша договор со челниците на Челзи до јуни 2030 година со опција за дополнителна сезона. Како што пренесуваат англиските и шпанските медиуми, трансферната цена е 50 милиони евра.
Феликс на тој начин се врати во клубот за кој настапуваше како позајмен играч во вториот дел од сезоната 2022/23. Португалецот потоа одигра 20 натпревари за сините и постигна четири гола.

Во 2019 година, португалскиот репрезентативец се пресели од Бенфика во Атлетико за 120 милиони евра. И покрај фактот дека не се снајде најдобро во Мадрид, тој постигна 34 гола на 131 натпревар за Атлетико во сите натпреварувања.
,
Освен како позајмен во Челзи, тој беше позајмен и во Барселона, за која минатата сезона одигра 44 натпревари во сите натпреварувања и постигна 10 гола.

Scroll to Top