Најголемиот фаворит пред почетокот на натпреварите во Конференциската лига, Челси, го освои трофејот во ова натпреварување. Челси на „Турчински арена“ во Вроцлав го победи Бетис со 4:1 (0:1).
Челси е првиот тим со титули во трите натпреварувања во организација на Европската фудбалска унија.
„Сините“ од Лондон, во вториот дел, во интервал од 18 минути го скршија Бетис, чија игра целосно се распадна по 52.минута, кога поради повреда теренот го напушти најдбриот играч на „зелено-белите“, Езалзули.
Челси не одигра ништо во првиот дел и вистинско чудо беше што „сините“ имаа само гол минус.
Езалзули погоди во деветтата минута, по додавањето од Иско, откако претходно во опасната зона Мало Густо ја загуби топката.
Три минути подоцна, Јоргенсен се истакна кога го одбрани ударот на Бартра, а во 20.минута, Бадијашил во последен момент го изблокира ударот на Кардосо.
Во вториот дел Челси притисна, целосно ја презеде контролата врз топката, а се „појави“ и Кол Палмер.
Тој со две асистенции за Енцо Фернандез во 65. и Николас Џексон во 70.минута го режираше пресвртот.
Во 83.минута Џејдон Санчо постигна брилијантен гол, а точка на натпреварот стави Каиседо во 91.минута.