Top Sport

(Видео) Челси му подари бод на Арсенал во дербито

Челси и Арсенал одиграа 2:2 (1:0) во градското дерби, одиграно во деветтото коло.

Играчите на Челси водеа со 2:0 имаа целосна контрола, на крајот грешката на голманот Роберт Санчез го спаси Арсенал од пораз.

Со овој бод Арсенал му се придружи на Манчестер сити на делба на првото место со 21 бод, еден повеќе од Ливерпул и два од Тотенхем кој има натпревар помалку, а Челзи е деветти со 12 бода.

Челси во водството дојде со голот на Кол палемер од пенал во 11.минута. Вториот гол, случаен или не е дело на Михајло Мудрик во 48.минута.

„Сините“ потоа пропуштија две шанси да го решат победникот, не ги искористија и беа казнети.

Санчез во 77.минута го честеше Деклан Рајс, а голманот на Челси заедно со десниот бек Мало Густо имаше лоша реакција и во 84.минута кога Тросар ги постави конечните 2:2.

Scroll to Top