Top Sport

(Видео) Челзи ја декласира Барселона, Баер го победи Манчестер Сити

Фудбалерите на Челзи ја надиграа и убедливо ја поразија Барселона со 3:0, во петтото коло во Лигата на шампионите. За разлика од Челзи, Манчестер Сити доживеа пораз на домашен терен од Баер Леверкузен 0:2. Победи вечерва забележаа Борусија Дортмунд, Наполи, Олимпик Марсеј и Јувентус, додека Славија и Атлетик Билбао одиграа без голови.

Фудбалска рапсодија на Челзи на „Стенфорд Бриџ“. Екипата на Енцо Мареска во сите сегменти ја надигра Барселона. Едина единствена шанса имаше Барселона, во раната фаза на натпреварот, кога сам пред Санчез беше Феран Торес и шутираше крај голот.

Останатиот дел од натпреварот му припадна на Челзи. До водството кое дојде со автоголот на Кунде, на челзи му беа поништени два гола. Дека Барселона ќе доживее пораз беше јасно во 43-та минута кога Араухо беше исклучен поради два жолти картони.

Во второто полувреме, уште еден поништен гол на Челзи, а потоа Естевао постигна брилијантен гол за 2:0, а резервата Делап стави точка на мечот во 78-та минута.

На „Еихад“ во Манчестер, Пеп Гвардиола го потцени Баер леверкузен и доживеа пораз. Гвардиола со комбиниран тим го започна натпреварот, како да станува збор за Лига купот, а не за меч во Лигата на шампионите.

Халанд, Рејндерс, Черки влегоа на теренот на 25 минути до крајот, кога гостите имаа предност од два гола.

До неа дојдоа со головите на Грималдо во 23-та и Шик во 57-та минута.

Резултати:

Ајакс – Бенфика 0:2 (0:1)
/Дал 6, Бареиро 90/

Галатасарај – Унион Сен Жилоа 0:1 (0:0)
/Дејвис 57/

Боде/Глимт – Јувентус 2:3 (1:0)
/Бломберг 27, Фет 87 пен – Опенда 48, Мекени 59, Дејвис 90+1/

Борусија (Д) – Виљареал 4:0 (1:0)
/Гираси 45+2, 54, Адејеми 59, Свенсон 90+5/

Челзи – Барселона 3:0 (1:0)
/Кунде 28 a.г., Естевао 55, Делап 73/

Манчестер Сити – Баер Л. 0:2 (0:1)
/Грималдо 23, Шик 54/

Наполи – Карабаг 2:0 (0:0)
/ Мектомин 66, Јанковиќ 72 а.г./

Марсеј – Њукасл 2:1 (0:1)
/Обамејанг 46, 50 – Барнс 6/

Славија (П) – Атлетик Билбао 0:0 (0:0)

Scroll to Top