Top Sport

(Видео) Челзи од Лидс доби час по фудбал

Лидс одигра спектакуларен натпревар, на „Стемфорд Бриџ“, го декласира Челзи со 4:1.

Лидс успеа да слави над „сините“ во Лондон, за прв пат по 1999 година. Со овој триумф, Лидс се искачи на шестото место со 17 поени, еден повеќе од Челзи на осмата позиција.

Гостите издоминираа од првата до последната минута и покрај тоа што Челзи дојде до предност. Во 25-тата минута тимот на Челзи изведе одличен контранапад, кој на крајот го искористи Емега. Асистенцијата оди кај Роџерс.

На гостите им беа потребни само93 секунди за да израмнат. Окафор совршено влезе во шеснаесетникот, ја прими топката во вистинско време, се избори за шут со левата нога и ја погоди мрежата за 1:1.

Ова беше резултат на првиот дел, а Челзи можеше да биде задоволен, бидејќи напаѓачот на Лидс, Доминик Калверт-Луин промаши две одлични шанси.

Во 53-тата минута, тој успеа да постигне гол, од пенал го совлада Дибу Мартинез.

Пет минути подоцна уште еден гол во мрежата на Челзи, сега Окафор го погоди горниот лев агол со брилијантен удар од десет метри од голот.

Во самиот финиш, уште еден гол во мрежата на Челзи, Вилсон совршено реализираше контра на Лидс, измами двајца играчи и ја испрати топката низ нозете на голманот на Челзи за 1:4.

Резултати:

Ковентри – Кристал Палас 3:2 (2:2)
/Авонџи 5, Сакамото 30, Мекнил 85аг – Пино 13, Ларсен 45+1/

Астон Вила – Сандерленд (0:0)

Тотенхем – Ипсвич 2:0 (1:0)
/Вилијамс Барнет 15, Соланке 51/

Борнмут – Нотингем Форест 2:0 (1:0)
/Еванилсон 19, Клајверт 45+3/.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');